Македонската легенда Горан Пандев каде и да се појавеше во Италија добиваше аплаузи и овации

Македонската легенда Горан Пандев кој каде и да се појави на Чизмата го дочекуваат со аплаузи и овации, па во изминативе неколку недели цела „Џузепе Меаца“, а потоа и „Мараси“ во Џенова го дочекуваа со бурни аплаузи посочи дека причината е што за секој клуб што играл – давал сѐ од себе.

Пандев денеска е во Милано, друштво ќе му прави американскиот милијардер Крис Гарденер, кој е дојден во Италија поради активностите со „Брера Холдинг“, новите газди на Академија Пандев, па заедно ќе го гледаат реванш полуфиналето во Лигата на шампионите, на Интер и Милан (2-0 од првиот меч).

Пандев синоќа гостуваше на „Скај Италија“ во пресрет на полуфиналето и шансата на „нераѕурите“ првпат по историската „триплета“ во 2010 година во која член беше македонската легенда да дојде до финале во европската елита.
Тој посочи дека нема некој посебен совет за фудбалерите на Интер и за тренерот Инѕаги во пресрет на денешната пресметка со преголем влог.