Владимир Кецмановиќ, радиолог и татко на малолетниот масовен убиец Коста К.(13), кој уби девет лица во ОУ Владислав Рибникар, денеска се обидел да се самоубие во својата ќелија!
Како што пишува Информер, Владимир се залетал и со сета сила ја удрил главата во ѕид!
Владимир, таткото на Коста, кој во училиштето „Владислав Рибникар“ уби девет и повреди седум лица, е во притвор од денот кога неговиот син извршил страшно злосторство со неговиот пиштол.
Токму Владимир, го научил својот син што е оружје.
Познатиот доктор често го посетувал стрелиштето, а според неофицијални информации го запознал и својот син со стрелање.