Ви текнува на Руслана? Еве како игледа денес (ФОТО)

Украинската пејачка Руслана и се претстави на цела Европа во 2004 година кога ја претставуваше својата земја на Евровизија со песната „Wild dances“.

Таа со својот необичен настап и впечатливите костими остави силен впечаток кај многубројната публика, а со својот моќен глас ги воодушеви сите. Таа победи и стана вистинска ѕвезда во Украина, но и во Европа. Руслана ја продолжи својата музичка кариера и е чест гостин на музички фестивали, а песната што ја освои за својата земја се уште се слуша.

Руслана денес изгледа сосема поинаку. Пред неколку месеци беше ѕвезда на едно шоу во кое ја изведе евровизиската нумера, а 19 години подоцна ретко кој успеа да ја препознае.

Очигледно е дека пејачката имала бројни зафати на лицето, а брзо се нашла на мета на коментари на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Good Evening Europe tv/Профимедиа