Предадени околу 3000 парчиња нелегално оружје во Србија изјави претседателот Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека од граѓаните на Србија досега се собрани над три илјади парчиња нелегално оружје.

Граѓаните на Србија досега предале повеќе од три илјади парчиња нелегално оружје и десетици илјади парчиња куршуми и експлозивни средства, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за телевизијата Пинк.
Според податоци на српските власти, во земјата која брои 6,8 милиони жители, се регистрирани 760.000 парчиња огнено оружје. Од истражувачкиот проект Small Arms Survey, пак, произлегува податокот дека 39 проценти од населението во Србија има оружје, што е највисока стапка во Европа.