Минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 49.384

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари. Најмногу пари или 19.224 денари биле потребни за храна и пијалоци, како и за режиски трошоци (13.423 денари).

Од Сојузот на синдикати на Македонија, кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, велат дека еден функционер со неговата плата покрива три синдикални минимални кошнички, а еден работник со две и пол минимални плати не може да ја покрие потрошувачката кошничка.

– И покрај сите мерки на Владата, трошоците за храна и пијалоци за само една година се зголемени за 2.766 денари, а во 2023 година ниту еднаш не е намалена вредноста на храна и пијалоци во делот на Синдикалната минимална кошница што покажува дека функционерите си го гледаат само нивниот интерес и знаејќи го овој факт си ги зголемија нивните плати за 2000 денари дневно или за 78 проценти месечно, велат од ССМ.