Игор Џамбазов емотивно се прости од Димче Мешковски

Актерот Игор Џамбазов се прости на емотивен начин од неговиот повозрасен колега кој почина денес, Димче Мешковски. Објавувајќи слика и емотивен напис на инстаграм, Џамбазов се збогува од својот колега и пријател.

“Збогум, драг мој Мешко.
Има ли име ова? Оваа тага…
Низ главава ми експлодираат спомени.
Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари…”