Проблемот со загадениот воздух е акутен, сериозен и голем и само со сериозен пристап, волја и финансии може да се намали загадувањето. Поразително е тоа што од година во година нема никакво подобрувања на квалитетот на воздухот,  иако се спроведуваат голем број на мерки. Тоа говори дека не се вложува доволно во решавање на овој проблем.

Според податоците на Државниот завод за статистика, државата во период од 2015 година до 2017 година од граѓаните и компаниите наплатила над 500 милиони евра даноци за животната средина по најразлични основи или во просек по 180 милиони евра годишно. Според податоците од 2015 година па навака собраните даноци за животна средина се зголемуваат од година во година, но не и инвестираните средства за зашитита на животната средина.

Дококлу се споредат собраните средства од даноци за животната средина кои изнесувале во просек околу 180 милони евра годишно и истите се споредат со само 19-те милиони евра кои се предвидени во државниот буџет за 2020 години во најразлични мерки и проекти, можеме да дојдеме до заклучок дека само 11% од средствата прибрани од даноците за животна средина, се инвестираат и се предвидени за зашитита на животната средина.

Според препораките на еколошките здуженија, екологистите и сручните лица треба да волжуваме годишно по 100 милиони евра за да видиме сериозно подобрување на воздухот.