Без вода делови од „Ист гејт мол“, Ќерамидница и Крњево

Поради дефект на затварач ф 150 мм на улицата „Беласица“ без број, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од „Ист гејт мол“, стопански и нестопански објекти од населба Ќерамидница и улиците „164“, „166“, „171“ и „Хусеин Бајрам“ од населба Крњево, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Овие корисници ќе бидат без вода за пиење до завршување на работите.