ДУИ денес го одржува четвртиот конгрес во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, а од партијата истакнаа дека исто така на него ќе се усвојат и статутарни промени со сите нови органи, вклучително секретатр за еднакви можности и пет  програмски резолуции како приоритети: консензуална интеграција, ветинг, квалитет на живот, развој и работни места и програма за младите, со кои што ќе креираат нови работни места,бидејќи македонската економија имала капацитет да создава 15.000 работни места годишно на млади генерации ќе им се понуди можност да конкурираат овде, а не да си одат во странство, а и тие што се отидени да се вратат тука.

Денес на конгресот на ДУИ, Али Ахмети ќе биде повторно реизбран за лидер на партијата, Груби истакна дека тој е лидер, а не е претседател на партија, затоа што тој е предводник, затоа што тој ги има добиено сите избори и се што е можно има добиено во последните 17 години, и затоа тој ќе биде реизбран.

„Повеќе од 90% на претседателите на подограноците, целосно нов состав на Форумот на жените, како и на форумот на младите, статутарни промени и и ќе имаме скоро целосно нов состав на централниот совет на партијата што е највисокптп партиско тело помеѓу двата конгреси“ рече Груби.

„ДУИ ќе бидат одлучувачки фактор за формирање на новата влада, ДУИ е преродена партија и подготвена за избори, а тоа се гледа овде по бројноста на присутните овде и ние ќе бидеме апсолутен победник и ќе собере најмногу гласовите од сите партии заедно“ истака Груби.