Путин нареди привремен прекин на огнот по повод одбележувањето на православниот Божиќ

Рускиот претседател Владимир Путин нареди прекин на огнот во Украина од еден и пол ден по повод православниот Божиќ.

Путин му наложил на руското Министерство за одбрана да ги прекине сите непријателства од петок напладне до недела навечер, се вели во соопштението на Кремљ објавено во четвртокот.

Дали ќе го прекрши некој ова примирје, останува да видиме.