(ВИДЕО) Ибрахимовиќ глуми во најновиот Астерикс и Обеликс

Излезе трејлерот за новиот филм „Астерикс и Обеликс: Средното Кралство“, во кој глуми и шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ. Во филмот напаѓачот на Милан ќе ја има улогата на негативец. Тој со оваа улога се пофали и на инстаграм, социјална мрежа каде е многу активен.

Ќе го глуми војсководачот Антивирус, на кого Цезар му ја довери задачата да го уништи познатото галско село и единствената територија во Галија која Римјаните не можат да ја освојат.

Фановите коментираат дека едвај чекаат да го гледаат. За потсетување, петтото продолжение за Астерикс и Обеликс чини 60 милиони евра и стана еден од најскапите во историјата на француската кинематографија. Премиерата се очекува оваа година во месец февруари.