Светот повторно тагува: ПОЧИНА ПЕЛЕ

Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле ја загуби битката со болеста и почина на 82-годишна возраст.

Пеле последните недели беше во болница и неговата здравствена состојба беше многу лоша, а денес почина во Сао Паоло.

Легендарниот Бразилец долго време водеше битка со ракот, минатата година се оперираше, но ситуацијата му се влоши во последните месеци.

Пеле важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и има статус на „фудбалски Бог“ во Бразил.

Пеле ја предводеше бразилската репрезентација до три светски шампионски титули – во 1958, 1962 и 1970 година.