Некогаш најплатената телевизиска актерка Софија Вергара ја покажа својата завидна фигура на најновата фотографија што ја објави на социјалните мрежи.
Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ објави фотографија во бикини, а нејзиниот изглед ги воодушеви сите нејзини следбеници.
Актерката моментално е на Карибите со нејзиниот сопруг 46-годишниот Џо Манганиело.
Колумбиската актерка Софија Вергара има 50 години, но судејќи по нејзиниот изглед, никогаш не би рекле дека е на прагот на шестата деценија. Таа е реализирана и како мајка на возрасен син кој има 31 година.