Украински проектил падна во Белорусија – На повидок уште една провокација и можна војна?

Украински проектил од системот „S-300“ наводно паднал на територија на Белорусија, руски сојузник, објави државната новинска агенција „BelTa“.

Министерството за одбрана во Минск истражува дали белоруската противвоздушна одбрана ја погодила ракетата или станувало збор за залутан проектил.

Според информациите на локалните медиуми, белорускиот претседател Александар Лукашенко побарал брза истрага.

Инцидентот се случил меѓу 10 и 11 часот наутро по локално време, а „BelTa‘ известува дека нема жртви.

Украина сè уште не го коментирала инцидентот, пренесува „Sky News“.

Во ноември, ракета лансирана од украински одбранбен ракетен состав, слетала во Полска, ден по жестоките руски напади.

Станува збор за оружје од советско доба, а го користат и Русите и Украинците.