Починал патник во Куманово, превозникот го оставил на дива автобуска и си продолжил

Два дена молк од страна на институциите и инспекторатите. Пред два дена во Куманово, на полудива автобуска постојка од пред агенцијата “Јоцо турс”, рано наутро во 7:50 требало да сообраќа превозно возило на “Де Лукс” од Куманово, кој имено во тој период вози незаконски, затоа што никаде ја нема таа превозна линија на превозните распореди на министерството за транспорт. “Де Лукс” важат за блиски до актуелната власт.

Кога се собирале патниците при тргањето, според очевидци, еден повозрасен патник починал во превозното возило на истоимената превозна компанија, а за сметка на тоа, возачот за кој очевидците говорат дека бил во роднинска врска со сопственикот на компанијата, само го симнал патникот на постојка и едноставно продолжил со возење, со изговор дека итната помош треба да се погрижи за патникот.

Прелистувајќи ги билтените од МВР, СВР Куманово, нема никакво известување за ваков настан дека воопшто се случил, а има и молк од страна на сите институции.

Инспекторатите кои се задолжени за законитоста, етиката и моралот на овие превозници исто така молчат и не се на терен, односно не постапуваат никако, што конкретно и за горенаведениот случај нема никаква реакција.

Дали после ова ќе се огласи некој или некоја повикана институција и ќе излезе со информации во јавноста, останува да видиме.