Битиќи со економски лекции за Николоски: Доаѓаш од партија која во 2016 кога имаше минимална плата од 10.000 денари тврдевте дека е добро

Јавноста вчера виде дуел помеѓу потпретседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, односно помеѓу Фатмир Битиќи кој е и вицепремиер за економски прашања и Александар Николоски кој е и пратеник.

– Доаѓаш од партија која кога минималната плата во 2016 година беше 10.000 денари, тврдевте дека тоа е добро. Јас доаѓам од партија која ја зголеми минималната плата на 18.000 денари и тврдам дека тоа не е доволно, му порача Битиќи на Николоски.

Обидот на Николоски овој податок да го побие со инфлацијата и растот на цените, не му успеа.

Во 2016 на едно четиричлено семејство со минимална плата од 10.000 му требале 3,6 минимални плати за да ја наполни просечната потрошувачка кошница, додека денес, со сите инфлации, на истото семејство потребни му се 2,8 минимални плати, објасни Битиќи.

И додека Битиќи со факти и агрументи се служеше во текот на целата емисија, од другата страна Николовски беше фатен во безмалку комична ситуација, не знаејќи ниту колкава е грамажата на лебот што се продава ниту колку е неговата цена откако кажа дека цената на лебот и натамѕ бил 52 денари.

-Вие лажете, затоа што има цени на лебот од 47 денари, 43 денари на неколку пекарници, кажа Битиќи.

-Јас зборувам за лебот на „Жито лукс“, врати Николовски.

-Знаете ли колкава е грамажата на тој леб?, праша Битиќи.

-800 и нешто грама, одговори Николовски.

-Не, туку 470, за што ќе ви приложам и фактура, кажа Битиќи.

На крајот Николовски кој веќе има осудителни пресуди за клевета, видно изнервиран ја обвини сопругата на вицепремиерот дека незаконски прибавила пари за нејзината невладина организација, по што доби одговор дека и за тоа негово тврдење ќе добие тужба за клевета.

Николовски кој е долги години во политиката и кој важи за еден од подобрите говорници во ВМРО-ДПМНЕ овој пат наиде на тежок и добро подготвен соговорник, на теми кои сепак за потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ не се толку блиски.