10 тајни како да ја задоволите секоја жена

Жените понекогаш се срамежливи кога е сексот во прашање, па тешко им е да ги изразат своите желби. Припадничките на поубавиот пол со драго срце би сакале да ги прочитате нивните мисли, но бидејќи тоа е невозможно, еве десет мали тајни кои ќе Ве направат голем мајстор.

Француски бакнеж
Долг, сочен француски бакнеж е многу интимен, но и многу возбудува. Бакнете ја својата драга силно и не заборавајте на француските бакнежи за време на сексот. Сексот без бакнежи за жената не е целосен.

Рутинскот секс за жените е досаден
Ако ништо не менувате во предиграта и сексот, и сценариото е секогаш исто, жената ќе изгуби интерес. Жените не се возбудуваат многу доколку знаат дека повторно ги очекува ист, досаден секс како и секој пат. Потрудете се сексот да биде постојано различен и двајцата повеќе ќе уживате.

Разговор води кон секс
Се вели дека за среќно семејство важно е жената да биде задоволна, а тоа правило може да се примени и на врските. Колку и на мажите да не им се допаѓа, разговорот во врска е многу важен затоа што жената тогаш чувствува емоционална поврзаност и блискост која ја буди нејзината желба за секс.

Оргазмот е важен
Жените не достигнуваат оргазам секој пат, но повеќето би сакале да го има почесто. Она што мажите често не го знаат или го забораваат е моментот дека жените, само во 30% од случаевите доживуваат оргазам со пенетрација.

Забелешките го убиваат либидото
Доколку имате нерешени проблеми, потрудете се разговарате додека сите не ги решите. Тргањето на проблемите под тепих долгорочно нема ништо да Ви донесе нити Вам нити на неа, затоа пробајте да разговарате затоа што, наместо со мило маче, во кревет ќе легнете со лута кобра.

Кажете и зошто Ви се допаѓа
Целулитот е болна точка на секоја жена. Морате да ја опуштите со неколку нежни реченици со кои ќе истакнете се што Ви се допаѓа на неа. Колку повеќе таа се чувствува посакувана и прифатена, повеќе ќе ужива во интимните моменти со Вас.

Покажете и дека ја цените
Жените во врска прават се за личноста која ја сакаат. Секако сега доаѓа до едно “ама” за возврат сакаат да знаат дека ги цените. Обично се вели дека жените од сексот сакаат љубов, а мажите нудат љубов во замена за секс.

Нежни допири
Жените навистина сакаат нежни допири, а причината за тоа е што имаат тенка и чувствителна кожа која има двојно повеќе нервни завршетоци отколку кожата на мажите. Додека ја мазите, бидете нежни затоа што Вашите цврсти раце ненамерно ќе може да ја повредат.

Од оргазам до оргазам
Секој следен оргазам во еден однос на жената и причинува поголемо задоволство, па за поголемо уживање после секој направете мала пауза и тргнете повторно во акција.