Исполнет саботен ден во општина Кисела Вода. Општинските власти се погрижија денеска Дедо Мраз да ги изненади на пладне дечињата во Кисела Вода и се симне со летечки балон, исто како во старите добри времиња кога тоа се правеше на Плоштад Македонија.
Родителите се потсетија на нивното детство кога беа деца и истата радост ја доживуваа на градскиот плоштад, а најмалите добија од Дедо Мраз новогодишно пакетче.
Како што информира градончалникот Ѓорѓиевски, повеќе од 3.000 пакетчиња се поделиле, а за забавниот дел биле задолжени детскиот фестивал “Поточиња”.
И додека општините организираат новогодишни забави за најмалите, градските власти и градоначалникот Данела Арсовска, сеуште немаат известено што и како планираат да се случува пред Новата Година која ни доаѓа за една недела.