Муцунски прв политичар што ги надмина своите ветувања – 2 нови градинки за 1 година

Главна и неопходна потреба на граѓаните, родителите и младите брачни парови во општина Аеродром со години беше проблемот со сместување на деца во градинките. Недоволниот капацитет на сместување и огромна четирицифрена листа на чекање на дечиња во градинките, ги тераше самите градоначалници да ветуваат дека ќе го решат овој огромен проблем.

Навидум тивкиот и присебен Муцунски, иако не говорејќи го гласно ова ветување за решавање на овој горлив проблем, сепак успеа во само една година да отвори нова градинки во општина Аеродром и да најави и распише конкурс за 2 нови градинки.

Последен го отвори објектот “Црвенкапа” во склоп на градинката “Срничка” со капцитет на сместување 200 делчиња, а претходно најави конкурс за две нови градинки.

Општина Аеродром објави конкурс за изработка на идејни решенија за две модерни и современи детски градинки. Со ова, практично го реализираме едно од моите најважни ветувања за решавање на деценискиот проблем со недостаток на места во детските градинки, а истовремено ова е почеток на крајот на чекањата, ургенции и нервози со кои долг временски период се соочуваат нашите сограѓани, соопшти Муцунски.

Првата градинка ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а втората во непосредна близина на кулите Џевахир. Процесот на избор на најдобро решение ќе се спроведе низ транспарентна постапка, со вклучување на универзитетски професори и експерти од областа и поставување услови за највисоки стандарди при изведбата.