Фудбалската јавност го слави успехот на виртуозот Лука Модриќ и неговата Хрватска

Лука Модриќ играше на сите седум натпревари за Хрватска на Светското првенство 2022.

Триесет и седумгодишниот играч за врска се најде во почетниот состав на „коцкестите“ во денешниот меч со Мароко за третото место на Мундијалот во Катар.

Овој виртуоз со игрите што ги покажа изминатава деценија и половина, заслужено ја понесе титулата најдобриот балкански фудбалер на сите времиња. Освои се што можеше клупско да се освои со Реал Мадрид, како и се закити со најголемите индивидуални достигнувања, имајќи ја и Златната топка од 2018тата година.

Претходно, само голманите Питер Шилтон (1990) и Дино Ѕоф (1982) забележаа седум настапи на исто Светско првенство на возраст од 37+ години.

На тој начин, играчот од средниот ред на Реал Мадрид стана прв играч кој не е голман, кој играл на сите седум натпревари на турнирот на возраст од 37 или повеќе години.

Модриќ исто така ги израдува фановите и фудбалската јавност дека нема да се пензионира до завршетокот на оваа сезона на Лигата на нациите, а хрватската јавност се надева дека нивниот капитен ќе му помогне на тимот и за следното Европско првенство 2024 година, каде што после ваквиот резултат, очекувано е Хрватска да биде меѓу фаворитите.