(ФОТО) Конечно Роналдо и Меси заиграа за ист тим

Нема човек во светот што не би сакал да ги види Роналдо и Меси како играат за ист тим.

Двајцата најдобри фудбалери успеа да ги смести во ист тим, една од најголемите модни куќи “Луј Витон”.

Најдобрите двајца фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси во пресрет на Светското првенство во Катар, се дел од новата кампања на модната куќа за изработка на ковчези и куфери.

Во натписот што го поставија од модната куќа велат дека “победата е состојба на умот”, па затоа во нивната кампања учествуваат двајцата најталентирани фудбалери на денешницата.