ЛАГА ИЛИ ВИСТИНА: Арсовска се фали дека секој ден изминатава година засадила над 1.900 нови садници дрва?

Градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска се пофали со уредувањето на градската површина.

Во својата објава таа наведе колку параметри во животната средина и разубавувањето успеала да поправи и надгради изминатава година во однос на своите претходници, фалејќи се со бројки.

Во однос на новозасадени дрва вели, рализирала двојно повеќе од минатата година, односно од својот претходник и успеала да насади нови 724.480 листопадни, зимзелени дрвја и садници и нов сезонски насад.

Ова е навистина импресивна бројка, на која не останаа имуни сеирџиите на социјалните мрежи и кои запрашаа, дали навистина Данела Арсовска во изминатите 365 дена засадила секој ден по над 1.900 нови дрва.

Очигледни се манипулациите на градоаначалниците и политичарите кога ќе дојде ред да се фалат пред граѓаните, а дали Арсовска преку Градот Скопје успеала да засади 724.480 нови садници дрва или над 1.900 нови секој ден, проценете сами. Она што е многу важно е да цениме како јавност, кои податоци се вистините, а кои не.

Целата објава на г-ѓа Арсовска можете да ја проследите тука.