Деновиве на јужниот дел на границата со Грција, јавноста е сведок на сериозен скандал каде е откриена мрежа за продажба на негативни ковид тестови.
Продажбата на тестови во Дојран и Гевгелија, неколку дена е најактуелна тема во грчките медиуми, каде што изминатиов период и околу новогодишните празници, грчките граѓани кои имале намера да ги поминат во македонските казина, купувале од овие негативни тестови. Истото важело и за македонците кои сакале да одат во Грција, а ја применувале оваа добро разработена “шема”. Сето ова било снимено и со скриени камери од грчки новинар.
Како што вели и тој самиот, ова казино не било изолиран случај.
Тестовите ги издавала локална лабараторија “Ели медика плус” од Гевгелија, која деновиве е недостапна за медиумите и јавноста.
Македонските власти сеуште молчат за овој скандал и се обидуваат да го премолчат јавно, но и институционално, имајќи на ум дека ова е срам за системот на државата.
Првичните информации кои стигнаа до нас велат дека лидер во овој бизнис било казино од Дојран, кое се наоѓа во хотел каде сопственик е скопјанец, извесен Муминовиќ. Пребарувајќи на интернет просторот за неговата фирма и име не може ништо да се најде, освен написи на социјалните мрежи каде се тврди дека на сомнителен начин го презел сопствеништвото и се поврзува со негов близок роднина, познат судија во Апелациониот Суд, г-дин Реџепагич.
Дали оттаму целата сила и дали навистина се вмешани овие луѓе и казино, сеуште нема потврда од властите?
Согласно изјавите на државниот инспекторат, казиното и лабараторијата биле затворени и добиле забрана за работа.
Останува да ја видиме разрешницата наредните денови.