Петров: Ситуацијата во земјава не е погодна за избори, Владата има солидна поддршка

„Не би сакал да зборувам кога ќе се случат следните избори, но мислам дека овој период сега не е погоден за избори. Бројни се проблемите во државата, а изборите не ги решаваат нив. Владата ќе ја поддржат од сите партии во коалицијата, 64 пратеници, што е солдина поддршка“ кажа членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „Утринска на Телма“.

Тој доадде дека досега сме имале влади кои функционирале и со минимално мнозинство и додаде дека предлогот за гласање за новата влада ќе биде доставен до Собранието наредната недела.

 

 

„Не можам да зборувам за кадровските решенија, но она што знам е дека се прави напор да се вклучат квалитетни луѓе од СДСМ и да се покаже капацитет пред граѓаните“ кажа Петров и додаде дека тој уште при првиот разговор со Ковачевски за неговиот ангажам истакнал дека тоа не подразбира и влез во Владата.

Како што кажа Петров, Ковачевски разговара со сите членови на партијата и работи да ги интегрира сите, без разлика на различните ставови по одредени прашања.

„Од негова страна има волја и енергија, но тоа не е еднонасочна улица, треба да се смета и на мислењето и на тие од другата страна. Сепак, кај него гледам желба да ги вклучи сите“ кажа Петров.