Градоначалникот на Штип се пожали за немил и срамен чин од страна на директорот на штипската болница, кој како што вели, го исполитизирал чинот на честитање и дарување од страна на општината кон првото новородено бебе во Штип во 2022 година и мајката родилка.
Целиот чин го објасни градоначалникот Иван Јорданов, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук.