Њукасл со првото големо засилување од Атлетико Мадрид

Англискиот премиерлигаш Њукасл треба добро да го искористи овој месец, овој трансфер период од кој може да му зависи целата оваа сезона, односно да не дозволи да испадне од елитата во времето кога финансиски стана еден од најмоќните клубови на светот.

 

Клубот од северот на Англија мора паметно да пазари, а првата желба е англискиот репрезентативец Киран Трипие. Њукасл сака да ја засили дефанзивата и Трипие со своето искуство, квалитет дефинитивно може да помогне.

Информациите говорат дека се водат преговори, доказ плус во целата оваа ситуација е и потегот на самиот фудбалер кој остане последен на теренот по мечот со Рајо Валјекано (2-0) за да се поздрави со навивачите на „Ванда Метрополитано“.