Сашо Мијалков од вечерва е слободен човек

Сашо Мијалков од вечерва е слободен човек, откако Кривичниот суд претходно му одреди мерка притвор за „Плацови на Водно“, но денеска Апелација го ослободи.

Ваква одлука денеска донел Апелациониот суд, кој одлучувал по поднесена жалба од Мијалков.

Поранешниот шеф на тајната полиција и пред неколку дена требаше да излезе од притвор , којшто му беше определен за случајот “Трезор”, откако Апелација му ја прифати дадената гаранција од 11 милиони евра.

Обвинителката Лиле Стефанова веднаш побара нов притвор за Мијалков за случајот “Плацеви на Водно”. Сега и оваа одлука е укината од второстепениот суд, поради што тој вечерва веќе е на слобода.