Милошоски: Како претседател на Комисијата за надворешна политика нема да дозволам Фрчкоски да не претставува во ОН

„Фрковски не е за амбасадор во Обединетите Нации“ – ова го потенцираше, Антонио Милошоски, утринава, во својот статус на социјалната мрежа фејзбук. Во него истакнува, како што вели, колку лошо била организирана дипломатијата во Македонија.

„Таквото тргување со амбасадорската позиција во САД не’ доведе до понижувачка ситуација во март оваа година, кога висок претставник на Стејт Департментот лично му се јавил на Заев со став дека Вашингтон нема да даде согласност за владината одлука за номинација на Фрчкоски за амбасадор во Америка. Во присуство на уште еден државен функционер, Заев, за лошиот амбасадорски избор морал да се правда на уште полош англиски“-пишува Милошоски.

Инаку, на вчерашната прес-конференција, претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека Фрчковски е кандидат за амбасадов во ООН и дека Милошоски треба да ја свика собраниската комисија за надворешна политика, со што би почнала процедурата за негово поставување.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/4768283803191048