МЗ: Вчера се аплицирани 12.099 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани.