Мицкоски: Анкетата на БРИМА е платена со владини пари на тендер

На прашањето за очекувањаа од претстојните избори и резултатите од предизборните анкети, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев на Канал 5, посочи дека резултатите од анкетата на БРИМА не се релевантни и дека очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ и делегитимирање на актуелната власт.

„ БРИМА анкета е платена со владини пари на тендер. Победата на опозицијата на овие Локални избори не е доведен во прашање и тоа ќе биде крај на оваа влада. Граѓаните ќе го кажат своето. Ние нудием еден нов квалитет, најголемиот дел од кандидатите што ги предложи коалицијата на ВМРО ДПМНЕ за прв пат настапуваат, 95-96% се млади луѓе, луѓе на средни години, луѓе кои се мотивирани, храбри кои што имаат визија и план и проект за општината која што планираат во иднина да ја застапуваат пред своите граѓани. Јас сум убеден дека граѓаните тоа ќе го препознаат, бидејќи сосема спротивното на тоа е она што го нуди СДСМ, практично повторувачи, луѓе кои што практично, ја немаат довербата од граѓаните, ја имаат целосно изневерено. И најголем дел од кандидатите на СДСМ се луѓе кои ќе претрпат сериозен пораз на следните локални избори. Со тоа ние како ВМРО-ДПМНЕ, како опозиција, комплетно ќе ја делегитимираме оваа ненародна Влада“, истакна Мицкоски.

Локалните избори за избор на градоначалници и членови на општинските Совети ќе се одржат на 17 октомври.