(ВИДЕО) Меси беше бесен на клупата откако беше заменет

Првиот месец на Лионел Меси во ПСЖ не е како од бајките иако многумина претпоставуваа и очекуваа да биде така.

Се уште го чека првиот гол, нема ни асистенција, а дојде и првиот конфликт со тренерот Маурисио Покетино откако синоќа беше повлечен од игра на 15 минути пред крајот, при резултат 1-1. Тоа толку го изнервира најдобриот на сите времиња што не се ни израдува на победа на својот нов тим.

https://twitter.com/i/status/1439786963717005316

Икарди погоди во судиското продолжение за триумф од 2-1, а додека соиграчите на клупата славеа, Меси седеше незаинтересиран неколку секунди по што стана и повеќе „проформа“ заплеска со рацете. Навивачите на ПСЖ, но и останатите љубители на фудбалот не можеа да не го искоментираат неговото однесување. Некои веднаш забележаа дека Меси не игра со истата страст како во Барселона.