Најмалку 8 лица е убиени, а шестмина се повредени во вооружен напад што денеска се случи на универзитет во рускиот град Перм. Како што пренесуваат локалните агенции, непознатиот напаѓач влегол на територијата на универзитетот и отворил оган врз студентите и професорите. Луѓето бегале, а некои дури и скокале од прозорците.
Според извори на Ројтерс напаѓачот бил вооружен студент.
„Околу 11 часот по локално време (8 часот по средноевропски време) непознат вооружен напаѓач упадна во кампусот на Пермскиот универзитет и отвори оган“, соопштија од универзитетот.
Пермский стрелок направляется к зданию университета
Видео: 112 pic.twitter.com/UwfwF7kPTe
— Новая Газета (@novaya_gazeta) September 20, 2021
„Како резултат на нападот осум луѓе загинаа, а уште неколку се ранети“, се наведува од рускиот Истражен комитет во кусата изјава, без повеќе поединости.