Николоски за „360 Степени“: Ако не се презентираат во суд, ќе ги објавиме доказите за „Рекет“ – има материјали кои водат до Заев

Николоски рече дека тие материјали се доставени до нив од свиркачи на кои, како што кажа, им е преку глава од криминалот и корупцијата.

„Тие документи говорат за далеку поголема инволвираност, лично на Зоран Заев, и на луѓе околу него, од ова што сега е познато во јавноста. Имајќи предвид дека судскиот процес почна, ние се уште даваме шанса на правосудните органи, сите овие факти да ги презентираат во судот. Доколку не го направат тоа, а како што ми стои сега, мислам дека нема да го направат, за многу брзо, кога велам многу брзо, мислам на недели а не на месеци или години, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде приморано да излезе во јавноста и да ги презентира истите“, рече Николоски.

Целиот текст тука.