Автомобил се запали во скопската населба Аеродром

Во населбата Аеродром вечерва околу 19 часот се запалил автомобил на паркинг на улицата „Методија Шаторов Шарло“, а во гаснењето на пожарот интервенирале од противпожарната единица на град Скопје.

Владимир Симоновски, командант на противпожарната единица во Скопје, за МИА изјави дека не постоела опасност за жителите во зградата, како и дека по брза реакција состојбата била веднаш регулирана.