Драма во авионот на Германија, морале принудно да слетаат во Единбург

Авионот во кој се наоѓаше фудбалската репрезентација на Германија принудно мораше да следта во Единбург, пренесува „Билд“.

При враќањето од Исланд, каде играа натпревар од квалификациите за СП, се појавил дефек на авионот па пилотот морал принудно да слета во Единбург.

„Ние сме добро. Во тек се безбедносни проверки. Безбедноста е на прво место“, соопштија од германската фудбалска федерација.

Во еден момент, „Боинг 737“ нагло сврте десно и почна да се спушта, па пилотот побара итно слетување, соопштија германските медиуми.

Од Единбург нема да има организиран лет, туку играчите самостојно ќе летаат на планираните дестинации.