Прогласена тридневна жалост во Тетово

Советот на општина Тетово на денешната итна седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост за жртвите од синоќешната трагедија.

Во меѓувреме, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, уште еднаш побара од граѓаните и медиумите да чекаат официјалните информации и да не брзаат да објавуваат непотврдени информации, истовремено најави и финансиска помош за семејствата на жртвите.