Во Бугарија денес почнува електронскиот попис

Од денеска почнува првиот дел од пребројувањето во Бугарија. Првиот дел ќе биде електронски, а од 18 септември до 3 октомври ќе биде на терен. Националниот статистички институт на Бугарија ги повика граѓаните да се попишат по електронски пат, јави дописникот на МИА од Софија.

Оние што ќе се попишат електронски ќе треба да го достават својот код до физичкиот попишувач, а оние што ќе одбијат да учествуваат во пописот ќе бидат казнети со 160 лева (80 евра).

Само половина од потребните попишувачи се собрани во Софија, а причината за тоа е Ковид-19. Затоа Националниот институт за статистика на Бугарија повикува што е можно повеќе луѓе да се пребројат по електронски пат. Проблем е со попишувачи има во големите градови и населби, додека таков проблем нема кај помалите населени места.