Македонците во банките штедат 7,2 милијарди евра, а должат 6 милијарди евра

Домаќинствата, на крајот од јули се позадолжени кај банките за 8 проценти во однос од пред една година, покажуваат податоците на Народната банка. Штедењето пак, покажува анализата на Pari.com.mk забавило. Така, населенито за една година, ги зголемило депозитите за 4,3 проценти. Овие податоци се очекувани, со оглед на пандемијата, рестрикциите, зголемениот број на невработени и намалување на платите кај дел од вработените.

ФИРМИТЕ НА СВОИТЕ СМЕТКИ ИМААТ ЗНАЧАЈНО ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД ПРЕД ЕДНА ГОДИНА

Но, од друга страна, фимите на своите сметки имале значајно повеќе пари отколу пред една година, односно растот на депозитите кај корпоративниот сектор во јули во однос на истиот месец пред една година е за дури 17,1 процент! Од друга страна, кредитниот раст е низок и изнесува само 2 проценти.

Овие податоци сами по себе зборуваат многу. Ваков раст на депозити во корпоративниот сектор немало и во нормални услови. На пример, во 2019 година, како претпандемиска година, во истиот месец, односно во јули, годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор бил 9,1 проценти. И по првиот налет на пандемијата, во јули 2020 година, растот на депозитите кај корпоративниот сектор на годишна основа бил сличен и изнесувал 9 проценти.

Годишен раст на депозити во корпоративниот сектор во последните 5 години

(јули од тековната година во однос на јули од претходната година)

Година Раст на депозити

2017       11,4 %

2018       13,5 %

2019       9,1 %

2020       9,0 %

2021       17,1 %

Состојбата со растот на парите со кои располага корпоративниот сектор покажува дека тој станува подоходовен и попрофитабилен. Но, исто така покажува и дека компаниите се уште се воздржуваат од инвестициски активности и ги чуваат парите на сметка. Она што фрла мала сенка е фактот што на месечна основа, депозитите кај корпоративниот сектор во јули се намалиле за 0,3 проценти во однос на јуни.

Целиот текст прочитајте го на Пари.