Русија одобри петта вакцина против Ковид-19

„EpiVacCorona-N“, која е додадена во Државниот регистар на лекови е развиена во истражувачкиот центар „Вектор“, во Новосибирск

Русија ја одобри својата петта вакцина против коронавирусот, истиот ден кога земјата го собори рекордот според бројот на смртни случаи од ковид-19 во еден ден, Русија ја одобри својата петта вакцина против коронавирусот, јавија синоќа руските медиуми, пренесе ДПА.

Вакцината „EpiVacCorona-N“, која е додадена во Државниот регистар на лекови, а е развиена  во истражувачкиот центар „Вектор“, во сибирскиот град Новосибирск.

Руските власти вчера соопштија за 820 смртни случаи во еден ден, поврзани со коронавирусот, што претставува црн рекорд од почетокот на пандемијата, пренесе ДПА.