Над 90 мртви во нападите во Кабул, евакуацијата продолжува

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека евакуиацијата на цивилите од Авганистан ќе продолжуи и покрај двојниот бомбашки напад во близина на аеродромот во Кабул, во кој загинаа повеќе од 90 луѓе, вклучувајќи и 13 американски војници. Повредени се над 150 луѓе.

„Мораме да ја завршиме оваа задача и ќе ја завршиме, порача Бајден, додавајќи дека до сега над 100.000 лица биле евакуирани од земјата.

И покрај тоа илјадници Авганистанци се уште чекаат пред аеродромот со надеж дека и тие ќе успеат да бидат евакуирани. Не ги поколеба ниту терористичкиот напад од Исламската држава во Хорасан.

Првата експлозија одекнала во близина на една од портите на аеродромот, каде американските и британските војници ги легитимирале бегалците пред да им дозволат влез во аеродромот. Втората одекнала во хотел во кој британски службеници ги процесирале барањата на авганистанците за азил и виза за Обединетото Кралство.

13-те загинати американски војници се првите жртви на САД во Авганистан  по повеќе од година и половина.