Елмас: Спалети ми влева самодоверба

Македонскиот репрезентативец на првиот натпревар во новата сезона во Серија А се запиша во листата на стрелци.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше фантастичен старт во новата сезона во Серија А, постигна гол во победата на својот тим. Наполи во првото коло од Серија А со 2:0 ја совлада Венеција, а Елмас во 73. минута го постави конечниот резултат.

Елмас за италијанските медиуми изјави дека новиот тренер Лучано Спалети верува во неговите квалитети и со тоа му влева голема самодоверба.

– Спалети лично ми влева многу голема самодоверба. Јас сум тука веќе трета година и сакам да го  покажам најдоброто од себе, сакам да играм и да покажам дека вредам. Се надевам дека ќе играм многу повеќе. Среќен сум секако за голот, но најважно е што дојдовме до победата. Инсиње и Лозано се многу важни играчи за овој тим, и јас сум пресреќен што го делам теренот со нив. Посебно Инсиње, сите знаат за каков фудбалер се работи, вистински капитен и лидер. Буди постојано инспирација и мотив во мене да биде што е можно подобар – изјави Елмас.