Асоцијација на спортски обложувалници: Мерките не удрија по профитот, ако продолжи ќе биде толку силен што ќе мора да се отпуштаат работници

Асоцијацијата на спортски обложувалници алармира дека ако продолжат мерките и непосетеноста на објектите за игри на среќа, ударот врз нивниот профит ќе биде толку силен што ќе мора да отпуштаат работници. По казината и обложувалниците работат околу над 10 илјади луѓе, а преку даноците кои ги плаќаат, годишно во државниот буџет од нив се слеваат 280 милиони евра или учествуваат со 4% во бруто домашниот производ. Од Асоцијацијата велат посетеноста била намалена за 60% до 70%, што неминовно ќе влијaе врз приходите, зашто само од овој бизнис годишно се вртат милионски суми.

-Сертификатите за вакцина буквално ги испразнија казината, прометот е драстично намален, тоа е. Правиме анализи и ја следиме состојбата. Сепак ќе продолжиме да ги следиме владините мерки и протоколи кои се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните и превенција од понатамошно ширење на вирусот, вели за Алфа Васко Илиевски од Асоцијацијатана на спортски обложувалници.

Тој предупредува дека празните казина и спортски обложувалници за само 2 дена довеле до многу сериозен пад на прометот. Не се очекуваат натамошни позитивни сценарија.