Талибанците прогласија крај на војната и на жените им ветија права

-Војната заврши … лидерот им прости на сите. Авганистанскиот народ може да ја преземе својата слобода и да ја исчисти земјата од окупаторот“. Ова е пораката на претставникот на талибанците Забихула Муџахид, кој со години важеше за сомнителна фигура.

Но сликата од Кабул покажува дека Талибанците наоружани до заби со автомобили на авганистанската војска патролираат по улиците на градот, а бројните жители ги набљудуваат. Сосема малку или воопшто нема жени на улиците. Плакатите со жени се искинати, а фасадите на дуќаните се префарбани. Талибанците денеска на своето прво јавно појавување најавуваат дека жените ќе биде почитуван дел од заедницата.

Муџахид потенцираше дека во блиска иднина ќе биде донесено политичкото решение кое ќе биде прифатливо за сите Авганистанци. На прес- конференцијата уверуваше дека никој од странстките претставници нема да биде повреден, а авганистанското тло никогаш нема да биде употребено против соседите или други држави.

Во истовреме авганистанскиот потпретседател Амрула Салех денеска се прогласи за вршител на должноста претседател на државата и повика на отпор против талибанците. Тој на Твитер напиша дека дека според Уставот се смета за в.д. претседател, имајќи предвид дека досегашниот претседател Ашраф Гани избега од земјата.

На аеродромот во Кабул преполните товарни авиони на САД ги евакуираат бегалците, иако талибанците ветуваат општа амнестија за сите.