Талибаните тврдат дека не планираат да го преземат Кабул со сила

Талибаните тврдат дека не планираат да го преземат Кабул со сила, јавија американски медиуми.

„Ничиј живот, имот или достоинство нема да бидат повредени, а животите на граѓаните на Кабул нема да бидат загрозени“, тврдат во изјава за американски медиуми бунтовниците откако денеска влегоа во предградија на главниот град на Авганистан.

Владини службеници во паника кога ги напуштаат своите канцеларии, американски хеликоптери почнаа да слетуваат во областа на американската амбасада, додека талибанците го затегнаа обрачот околу главниот град, ја опишуваат ситуацијата дописници на локални медиуми.

На талибаните им е наредено да останат пред портите на Кабул и да не влегуваат во градот, изјави нивниот портпарол Забиула Муџахид додека жители на едно од предградијата на главниот град за тврдат дека таму има вооружени талибани, но дека не се водат борби.