Амазон ќе дозволи плаќања со криптовалути

Голем број гиганти за електронска трговија постепено ги воведуваат криптовалутите како нова опција за плаќање. Повеќето компании и натаму го разгледуваат пазарот и ги разгледуваат најдобрите опции на делување и се чини дека Amazon наскоро би можел да донесе конкретна одлука и да прифати дигитални валути како метод на плаќање.

Огласот за работа, поставен од Amazon, сугерира дека компанијата конечно сериозно размислува за имплементација на криптовалути како опции за плаќање. Огласот бара „искусен лидер во бизнисот кој ќе ја развива стратегијата на Amazon за дигитални валути и блокчејн и план за објава на производи и услуги“.

Моментно, Amazon не им дозволува на корисниците плаќање со криптовалути. Засега е непознато кога компанијата би можела да почне да прифаќа криптовалути за плаќање на нарачките преку сајтот. Меѓутоа, кога тоа ќе се случи, се очекува дека и другите страници и услуги за е-трговија да почнат да ја нудат истата опција.