Британскиот премиер Борис Џонсон во изолација

Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак поради контакт со лице заразено со коронавирус, во следните денови ќе продолжат да работата и ќе бидат во изолација.

Министерот за здравство на Британија Сајид вчера изјави дека бил тестиран и бил позитивен на коронавирус.

„Британската национална здравствена служба (НХС) ги контактирала премиерот и министерот, така што тие се наведени како контакти на заразено лице“.

Правилото е дека секое лице кое било во контакт со заразено лице мора да биде во самоизолација десет дена.

Џонсон и Сунак, сепак, ќе учествуваат во пилот-програма што им овозможува да продолжат да работат од канцелариите и да се изолираат само кога не се на работа.