Вкупно 23 лица од Македонија кои биле во Сирија и Ирак вратени во државата

Четворица повратници од ИСИС, пет сопруги на борци и 14 деца од вчера влeгуваат во владината програма за ресоцијализација и репатријација, соопштија од Владата. Против 4-цата борци ќе се поднесат кривични пријави за учество во туѓа војска со обезбедни докази од македонските безбедносни служби. Процесот на рехабилитација ќе им се спроведува во притвор или доколку се осудат во затвор.

„Репатрираните жени и деца ќе подлежат на 14-дневен здравствен карантин на доброволна основа и неопходни лекарски прегледи, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, со цел заштита на јавното здравје“, велат од Владата.

Доколку се покаже дека тие не биле вклучени во кривични дејствија по доброволна основа ќе почне нивната ресоцијализација и реинтеграција во општеството.

Поранешниот минситер за внатрешни работи Трајанов коментира дека повратниците од ИСИС се закана за целиот Блакан, но подобро е кога терористите се враќаат назад по институционален пат бидејки постои контрола врз нивнотот дејствување.

Според владината програма за репатријација, во затворот Идризово треба да има нов блок наменет токму за повратници од терористички ќелии. Затворениците во овој блок треба да се под посебен надзор, а со нив за ресоцијализација и одвраќање од радикален ислам треба да работат психолози и социолози. Во програмата се дава можност и верско лице да работи со борците на ИСИС.