„Фајзер“ и „Бајонтек“ бараат дозвола за трета доза од новата вакцина против ковид-19

„Фајзер“ и „Бајонтек“ во наредните недели имаат намера да побараат овластување за трета доза од нивната вакцина против ковид-19, се наведува во соопштението на двете компании. Целта е со трета доза на вакцина да се зголеми имунолошката заштита на веќе вакцинираните.

Според прелиминарните податоци од тестови, нова доза што би била аплицирана по шест месеци од втората ги зголемува нивоата на антитела против оригиналниот вид на вирусот и до 10 пати. „Фајзер“ и „Бајонтек“ ќе испратат извештај со детални информации до Европската агенција за лекови (ЕМА) и американската Администрација за храна и лекови.