Филипче: Во Тетово четири суспектни случаи на јужноафрикански сој на коронавирусот

Засега нема нови случаи со Делта варијантата на коронавирусот, но во Тетово има четири сомнителни случаи на јужноафриканскиот сој, рече денска Мнистерот за здравство Венко Филипче.

– Четири случаи треба да се секвеционираат, меѓутоа на јужноафриканскиот сој што значи има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист,епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и индикација дали да се прави секвенционирање. Освен тоа нема информација дека има некој нов случај, изјави Филипче.