(ВИДЕО) Повеќе од 60 лица се повредени во торнадото во Чешка

Најмалку три лица загинаа во катастрофалното невреме што ја погоди Јужна Моравија во четвртокот пред полноќ, изјави утрово за чешката телевизија Михаела Бетова, портпарол на службата за спасување на Јужна Моравија.

Силна бура со град со големина на тениски топчиња и торнадо вчера вечерта ги погоди главно регионите Бжецлав и Ходонин. Невремето уништуваше куќи, автомобили и зеленило. Во болниците се превезени над 60 лица од кои десет се тешко повредени.